Бил Гејтс е загрижен дека ќе ја изгуби работата


Бил Гејтс, основачот на „Мајкрософт“, неодамна изрази загриженост дека вештачката интелигенција може да ja преземе неговата работа и покрај тоа што е еден од нејзините најголеми поборници.

Во една епизода од неговиот поткаст Unconfuse Me with Bill Gates тој разговараше со извршниот директор на OpenAI, Сем Алтман, каде што ги сподели своите ставови за брзината на напредокот на технологиите за вештачка интелигенција за кои вели дека го изненадиле со нивната ефикасност.

За време на разговорот тие допреа до теми, како што се GPT-5, суперинтелигенција и видеоспособности, кои доаѓаат на ChatGPT.

Гејтс призна дека е скептичен кон вештачката интелигенција и дека не очекува чет-ботови, како ChatGPT, да бидат толку способни да извршуваат сложени задачи.

Еден од најважните моменти на поткастот беше кога Гејтс го изрази својот страв дека вештачката интелигенција може да ги замени луѓето на многу работни места.

15.04.2024 - 15:48

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега