Безбедноста на прво место - Полицијата и кошаркарските клубови во заедничка акција против насилството


Вчера во просториите на Кошаркарската федерација на Северна Македонија се одржа состанок по иницијатива на претставници  од Секторот за внатрешни работи Скопје со организаторите и комесарите за безбедност од 19 кошаркарски клубови со седиште на подрачје на град Скопје.

На средбата беше потенцирана соработката и комуникацијата за доследно спроведување на одредбите од Законот за спречување на насилство на спортски натпревари и заеднички мерки со цел безбедно организирање, одржување и обезбедување на претстојните натпревари кои ги организира Македонската кошаркарка федерација.

26.09.2024 - 20:34

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега