Без вода делови од општина Карпош
Од ЈП „Водовод и канализација“ известуваат дека на 15.11.2022 година (вторник), поради штопирање стара мрежа на улицата Копенхагенска бр.2, во периодот од 9 часот, па сè до завршување на интервенцијата, без вода ќе остане дел од Скопје.
Без вода корисниците од улиците Копенхагенска, Софиска, Бриселска, Његошева, Петар Драганов и Стокхолмска (општина Карпош).
Засега не е познато кога ќе заврши интервенцијата.
15.11.2022 - 09:12
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа