Бесплатен паркинг во Скопје за божиќните празници

 

За време на божиќните празници јавните паркиралишта Народен фронт, АМСМ, Дом на печат, ЗОИЛ, Тутунски комбинат и 8-ми Септември, ќе бидат слободни за
паркирање на 6 и 7 јануари 2023 година, односно нема да се врши наплата на истите, информираат од ЈП Градски паркинг – Скопје.

Јавните површини наменети за паркирање (зонските паркиралишта), исто така ќе бидат слободни
за паркирање без вршење на наплата на 7 јануари 2023 година.

Кочо Рацин, Градска болница, Клинички центар „Мајка Тереза“, Треска, како и катните гаражи  „Беко“ и „26 Јули“, пак, ќе работат со редовно работно време 00:00 – 24:00 часот и со редовна наплата на истите, се наведува во соопштението на ЈП „Градски паркинг“ – Скопје. 

05.01.2023 - 10:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега