Белата куќа потврди дека „се водат преговори и дискусии“ со претставници на Хамас
Портпаролката на Белата куќа, Каролајн Левит денеска соопшти дека американските власти „водат преговори и дискусии“ со претставници на палестинската група Хамас.
Разговорите се одржуваат во време кога прекинот на огнот меѓу Израел и Хамас останува под знак прашалник, забележуваат агенциите.
Левит рече дека американскиот специјален пратеник за заложниците Адам Болер е овластен директно да преговара со Хамас.
„Во однос на преговорите за кои зборувате, пред се, специјалниот пратеник вклучен во овие преговори има овластување“, им рече таа на новинарите откако извори рекоа дека Болер води разговори со групата за ослободување на заложниците во Газа.
Левит рече дека според неа, работата на Болер е „добронамерен напор да се направи она што е правилно за американскиот народ“.
Портпаролката на Белата куќа не соопшти детали за содржината на директните разговори. Сепак, таа рече дека Вашингтон се консултирал со Израел за нив.
Во кусото соопштение, кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху потврди дека САД се консултирале со Израел за директни контакти меѓу специјалниот пратеник на Вашингтон за заложниците кои ги држи во Газа и исламистичкото движење
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа