Бадниковата поворка помина низ Кисела Вода: Ѓорѓиевски на децата им подели коледарски пакетчиња

 

Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски го честиташе величенствениот празник – Бадник.

Ѓорѓиевски денеска им подели и коледарски пакетчиња на децата кои во огромен број ја пееја ,,Вечниот Бог”.

– Овие мали душички во огромен број денес ни дојдоа пеејќи ја ангелската песна ,,Вечниот Бог” да го најават Христовото раѓање, а како што доликува на нашата вековна традиција – сите беа дарувани со коледарски пакетчиња. Се радувам што Кисела Вода за првпат е една од општините низ кои ќе помине Бадниковата поворка. Се радувам што нашата општина повторно живее во духот на вистинските вредности и е дел од обележувањето на највеличествениот Бадник во регионот. Македонија живее почитувајќи ја верата и традицијата, а дефинитивно ова се деновите кога сите сме сплотени како народ и меѓу нас има добра мисла и подадена рака. Нека е за многу години, да си дочекаме уште многу вакви убави моменти. Бог нека дарува здравје и љубов на сите, напиша Ѓорѓиевски.

06.01.2023 - 12:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега