Авион се урна при полетување во Пула, две лица загинаа

 

На аеродромот во Пула се урна мал приватен авион и во несреќата загинаа две лица.

Неофицијално, се дознава дека авионот полн со гориво се урнал при полетување, пишува „Јутарњи лист“.

Во авионот имало маж и жена.

Се претпоставува дека се од Германија, со оглед на тоа дека авионот бил со германска регистрација.

На аеродромот се испратени многубројни екипи, од пожарникари до брза помош, пренесе „Блиц.рс“.

31.03.2023 - 14:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега