„Алкалоид“ пушти во употреба нова инвестиција вредна 1,3 милиони евра
Новиот магацин за фармацевтски суровини и за примарна амбалажа, на чија изведба се работеше околу 15 месеци, е дел од дваесетгодишниотинвестицискипланза развој на ПЦ Фармација, којсереализирасоинтензивнотемпо и во услови на криза.
Најновата инвестиција на „Алкалоид АД“ Скопје во магацински простор за фармацевтски суровини и за примарна амбалажа претставува современо и безбедно складишно решение, изведено согласност препораките за добра производствена пракса за магацинско работење, со законските прописиза чување фармацевтски производи и со фармацевтскиот систем за квалитет.
Новиот објект се простира на површина од вкупно 1,620 м2 и опфаќа: магацински простор за фармацевтски суровини; подрумски простории опремени со специјални ладилни соби наменети за суровини за кои се неопходни посебни услови за чување, температура и влага; административни простории и технички кат. За потребите на овој објект, изградена е нова пристапна рампа за камиони, а проектирани и изградени се нови внатрешни сообраќајници, целосноприспособени за непречена и за безбедна комуникација на новиот магацинсо производствените објекти.
Со реализацијата наовааинвестиција во ПЦ Фармација, целосноеосигурено најсовремено управувањесосуровините и производите и безбедна логистика на процесите – од прием на фармацевтските суровини до испорака на лековите до веледрогериите и до крајните корисници.
Магацинот располага со вкупно 800 палетниместазасуровини,опремен е со најсовремен систем за климатизација, ладилникомори, системизагасењепожар, како и со машинизахоризонтален и завертикалентранспорт.
Официјалното примопредавање на оваа инвестиција вредна 1,3 милиони евра беше извршено од страна на Генералниот директор и Претседател на Управниот одбор на „Алкалоид“, Живко Мукаетов и директорот за логистика и магацини, Зоран Костовски во присуство на вработени и членови на управните тела на компанијата.
Во складишните капацитети на „Алкалоид АД“ Скопје вработени се вкупно 120 извршители.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа