Алек Болдвин: На сетот на секој филм на кој што се користи оружје треба да има полицаец

Актерот Алек Болдвин напиша на социјалните мрежи дека полицајците треба да бидат присутни на снимањата за да ја следат употребата на оружје.

„На секој филмски или телевизиски сет касде што се користи оружје, лажно или друго, треба да има полицаец, вработен во продукцијата, кој конкретно ќе ја надгледува безбедноста на оружјето“, напишал Болдвин, која ја уби снимателката Халина Хачинс на сетот на филмот „Рѓа“.

Неговите следбеници напишале во коментарите дека им е чудно што ова воопшто мора да се спомене и дека никогаш не требало да се користи вистинско оружје на сет.

Неодамна, актерот Двејн Џонсон вети дека повеќе нема да користи вистинско огнено оружје на снимањата.

„Можам да зборувам само во свое име, но без сомнение можам да ви кажам дека во сите филмови што ќе ги правиме со Seven Bucks Productions, било да се тоа филмови, ТВ серии или било што друго, нема да користиме вистинско огнено оружје“, - изјавил актерот познат по прекарот Рок.

Да потсетиме, испукувајќи куршум од реквизит, Алек Болдвин ја уби Халина Хачинс и го рани режисерот Џоел Соуза на филмски сет во Ново Мексико.

„Канцеларијата на шерифот потврдува дека две лица биле застрелани за време на снимањето на „Раст“. Директорката на фотографија Халина Хачинс и режисерот Џоел Соуза биле застрелани кога куршумот од реквизитот бил испукан од продуцентот и актер Алек Болдвин“, се вели во полициското соопштение.

 

08.11.2021 - 23:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега