1.568 повици на 112 за 24 часа: Повеќе од половина се лажни

 


Изминатите 24 часа на единствениот повикувачки број за итни случаи - 112, регистрирани се вкупно 1.568 повици. Од нив, како реални повици биле категоризирани 961 или 61,29 проценти, а 607, односно 38,71 отсто - за други потреби на граѓаните што не биле итни, соопштија денеска од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Кон полицијата биле упатени 213 повици, односно 69,84 проценти, кон Итната медицинска помош - 63 или 20,66 отсто, кон пожарникарите - 21 или 6,89 проценти и кон ЦУК - осум повици или 2,62 отсто.

- Во текот на утрешниот ден, во периодот од 12 до 17 часот, стручниот тим на „Мактек дооел“ ќе изврши минирање за потребите на компанијата „Бехтел и Енкa“ на локалитетот Сладун во општина Прилеп, се додава во соопштението на ЦУК.

Оттаму информираа и за известување од Институтот за трансфузиона медицина, за дeнеска планираните крводарителни акции во Скопје - СГУЦ „Раде Јовчевски Корчагин“, „Либерти“ во Железара, во Куманово во ЈКП „Водовод“ и со граѓаните на Штип во спортската сала „Јордан Мијалков“.

21.10.2024 - 10:53

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега