Зошто да останеме во контакт со бившите - Некогаш дел од тимот, засекогаш дел од семејството
Алумни клубовите на поранешните вработени сè повеќе стануваат значаен дел од бизнис стратегијата, особено во компании кои ги ценат врските со луѓето. Овие платформи обезбедуваат простор за континуирано поврзување, размена на искуства и идна соработка, при што се нагласува вредноста на заедништвото.
Нови можности
За компаниите, алумни клубовите создаваат долгорочна вредност. Поранешните вработени, кои остануваат поврзани со организацијата, стануваат амбасадори на брендот –ја препорачуваат компанијата, споделуваат позитивни искуства и, честопати, се враќаат со нови вештини и перспективи. Одржувањето контакт со поранешните работници носи и можности за деловна соработка, а на тој начин алумни мрежите дополнително ја збогатуваат заедницата.
Од друга страна, поранешните вработени преку алумни клубовите добиваат вредна можност за дополнителен, професионален развој и вмрежување со колеги. Настаните, обуките и дискусиите организирани преку овие мрежи придонесуваат за нивниот напредок и им овозможуваат да останат во тек со трендовите.
Каква е ситуацијата на Балканот?
На Балканот, концептот на корпоративни алумни клубови сè уште е во развој, но сè повеќе компании ја прифаќаат оваа идеја за да ги зајакнат односите со поранешните вработени и да создадат трајни вредности. Како што глобализацијата на пазарот на труд расте, се очекува дека бројот на вакви иницијативи ќе се зголемува, бидејќи компаниите ја препознаваат важноста од поврзување со таленти дури и по завршувањето на нивниот работен ангажман.
Еден таков клуб неодамна беше формиран во Нелт, компанија која работи на 12 пазари во регионот на Балканот (или југоисточна Европа) и Африка. На Нелт Алумни клубот му припаѓаат сите поранешни вработени кои придонеле Нелт, по повеќе од 30 години работење, да биде тоа што е денес. Културата на заедништво на вработените во Нелт е широко позната на пазарот на трудот и е прикажана во музичкото видео You’ll never walk alone, познатата химна на клубот Ливерпул, која ја препееeja и преработија токму вработените во Нелт.
Токму тоа е поентата на алумни клубовите – You’ll Never Walk Alone, останувањето поврзан со луѓето со кои сме изградиле нешто значајно создава нераскинливи врски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа