Зимската служба за одржување на патиштата работи со полн капацитет
Ставена е на располагање целата зимска механизација на ЈП за одржување на регионални и магистрални патишта за претстојните зимски услови на патиштата, ова го утврдија министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски и директорите на Јавните претпријатија за патишта, Ејуп Рустеми и Костадин Ацевски, при денешната обилколка на автопатските пунктови за одржување на државните патишта. На 38 зимски пунктови на ЈП за одржување на регионални и магистрални патишта низ земјата ставени на располагање се 181 камион и 73 машини за зимско одржување на државните патишта.Во овој момент Јавното претпријатие располага со 12.800 тони сол и дополнително околу 20.000 тони кубни ризла.
Директорот на Јавното претпријатие истакна дека зимските служби работат деноноќно за да се обезбеди непречено и нормално функционирање на сообраќајот на патиштата во зимски услови.Министерството за транспорт и врски преку ЈП за државни патишта и ЈП за одржување на регионални и магистрални патишта и во наредниот период ќе работи на дополнително зголемување на капацитетите на зимските служби се со цел безбедно патување на граѓаните.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа