Салиу: Задолжително изучување на ромскиот јазик во училиштата

 

Задолжително изучување на ромскиот јазик во сите основни и средни училишта, каде има мнозинство ученици од ромската заедница. Формирање на катедра на Универзитетот св. „Кирил и Методиј“ на кој ќе се предава ромскиот јазик и формирање на Институт во Скопје кој ќе го следи развивањето на истиот. Министерот за ресор, Шабан Салиу, по повод Меѓународниот ден на Ромскиот јазик, рече дека новата влада ќе се фокусира на зачувување на ромскиот јазик и идентитет.

Ќе се заложи и дел од од средствата од новиот буџет за Министерството за образование, се наменат за печатење на 30.000 граматики, буквари и речници и да има повеќе емисии на Македонската телевизија и радио по ромски јазик.

„Очекуваме институционално вистинско системско решение за ромите, во поглед на јазикот“, рече Шабан Салиу, министер без ресор задолжен за интеграција и имплементација на стратегхијата за инклузија на Ромите.

Светскиот ден на ромскиот јазик ги промовира ромскиот јазик, култура и образование. Се слави на 5 ноември, а УНЕСКО го прогласи за Светски ден во 2015 година. Од 2018, 16 земји членки на Советот на Европа го имаат признаено ромскиот јазик како малцински јазик според Европската повелба за регионални или малцински јазици. 

05.11.2024 - 15:02

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега