Црвен аларм во Барселона: Метеоролозите предупредуваат за влошување на состојбата

 


Барселона е под црвен метео аларм поради обилните врнежи кои предизвикаа поплави и ја прекинаа работата на аеродромот „Ел Прат“.

Водата се излеваше низ таванот на терминалот и ја поплави пистата, што предизвика бројни откажани и пренасочени летови. Социјалните мрежи се преполни со снимки од драматични сцени од аеродромот, додека Барселона станува последниот шпански град погоден од екстремните врнежи, пренесуваат локалните медиуми.

 

Обилните врнежи, кои започнаа вчераутро, доведоа до одложување и пренасочување на повеќето полетувања. Националната метеоролошка агенција на Шпанија (AEMET) прогласи „екстремна опасност поради обилните дождови“ и издаде предупредување: „Не патувајте освен ако е апсолутно неопходно“.

 

Метеоролозите предупредуваат дека состојбата може да се влоши во текот на денот, а во регионот се очекуваат дополнителни врнежи, пишува Мирор.

Аеродромот во Барселона воведе кризен комитет за справување со ова временско нарушување.

05.11.2024 - 15:37

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега