Ристовски: Спортските ликови повеќе нема да ги промовираат обложувалниците
Нема веќе спортски ликови на рекламите за обложувалници и коцка, рече министерот за спорт, Борко Ристовски.
Со големо задоволство ви го најавувам меморандумот за соработка потпишан помеѓу Министерството за спорт и Државната Видеолотарија на Македонија – Касинос Австрија. Овој меморандум значи взаемно разбирање меѓу двете страни и подразбира етички однос во кој спортистите – поранешни, активни или млади таленти, нема да бидат директно користени за било какво рекламирање на казина и игри на среќа . Спортистите ќе може да бидат вклучени во промовирање на спортски игралишта и настани поврзани со спортот, како и кон промоција на вистинските вредности поврзани со спортот , почитувајќи ги принципите на морал, етика и одговорност кон општествените вредности. Тоа беше најважниот сегмент што сакавме да го постигнеме со оваа иницијатива покрената од Министерството за спорт за која наидовме на разбирање од Државна Видеолотарија на Македонија – Касинос Австрија, и ова е еден убав почеток на идна соработка. Важно е сите ние да вложиме во здрава спортска средина која ги поддржува младите и се стреми кон позитивни примери и вредности во општеството, истакна Ристовски.
Чекор кон подобра и поодговорна иднина за спортот во Македонија, додаде Ристовски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа