Згмечен работник на „Комунална хигиена“, камионот возејќи рикверц удрил во ѕид

 

Работник од „Комунална хигиена“ кој стоел на металната конструкција на камионот бил згмечен, кога возилото враќајќи се наназад удрило во бетонски ѕид од куќа во Сингелиќ.

„На 06.02.2023 во 08.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека во с.Сингелиќ, скопско, товарно возило „форд“ на ЈП „Комунална хигиена“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.Ш.(55) од Скопје, движејќи се наназад удрило во бетонски ѕид од куќа. На металната конструкција од возилото стоел работникот М.П.(34) од Скопје, кој од ударот во ѕидот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники ‘Мајка Тереза’“, соопшти МВР.

Извршен бил увид од полициска екипа.

07.02.2023 - 12:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега