Зеленски проговори за обидот за атентат на Путин

 

Украинскиот претседател Володимир Зеленски уште еднаш ги отфрли руските тврдења дека Украина стои зад наводниот напад со дрон врз Кремљ минатата недела, што Москва го нарече обид за атентат врз Путин.

Тој мисли дека се работи за операција „лажно знаме“, која ја извршила самата Русија и дека тоа било само изговор Москва повторно да ја нападне Украина.

„Постојано бараат нешто што би звучело како оправдување. Велат: „Вие ни го правите ова, па ние ви го правиме ова“, рече Зеленски.

Сепак, како што вели, тоа „не поминало“.

„Тоа не и се допадна ни на руската јавност. Ниту нивните пропагандисти не веруваа. Затоа што се изгледаше многу вештачко“, рече Зеленски.

11.05.2023 - 12:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега