Запознајте го најбогатото куче на светот - Ја продава својата вила за 31 милион долари

Запознајте го најбогатото расно куче во светот, за кое се грижи посебен тим на луѓе, поседува приватен авион, но и готвач кој му готви посебни јадења.

Но, ова куче поседува и вила, која ја продава за 31,75 милиони долари.

Поранешна сопственичка на оваа вила, која има осум соби и базен, била познатата поп-пејачка Мадона. Купена е пред 20 години за 7,5 милиони долари, а прв сосед е холивудскиот актер Силвестер Сталоне.

 

Гантер Шести наутро си игра со тениско топче, се тркала по тревата и сака да дреме. Тој носи дијамантски ѓердан околу вратот, додека стариот ѓердан од злато останал дома, во Тоскана.

Оттогаш, група старатели е задолжена за одржување на луксузниот начин на живот на овој германски овчар и неговите потомци. Така, Гантер често патува во Милано и лета на Бахамите, каде неодамна вечерал во луксузен ресторан.

 

21.11.2021 - 13:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега