За Божиќ вистинска радост за децата: Проверете каде ќе врне снег

Времето денеска ќе биде променливо облачно, по одделни котлини со услови за појава на утринска магла. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец (над 60 км/час). Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 14 степени.

Во Скопје променливо облачно со појава на утринска магла. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец. Во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне 11 степени.

Под влијание на циклонска активност до понеделник времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни (над 20 л/м2).

Во недела во текот на денот поради спуштање на студена воздушна маса врнежите од дожд ќе преминуваат во снег и во повисоките места, особено во западните делови.

Од понеделник ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец што ќе предизвика значително заладување во текот на следната седмица

06.01.2024 - 11:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега