За 1 месец дизелот поскапел за дури 24 денари по литар - 30% поскапување за само 30 дена

 

Оваа недела ја почнуваме со пад на цената на суровата нафта за околу 7 долари во однос на минатата недела. Барел нафта на берзата во Лондон во моментов се тргува за околу 113 долари што е најниска цена од крајот на минатиот месец. Намалувањето на цената се должи на стравот на трговците дека побарувачката за нафта ќе почне да се намалува поради забавувањето на глобалната економија имајќи предвид дека во борбата со инфлацијата речи си сите централни банки почнаа со зголемување на основните каматни стапки кои во некои држави се зголемија и за три четвртини од еден процентен поен.
Во Македонија денеска ќе имаме нова корекција на малопродажните цени на нафтените деривати а како што објавија од Регулаторна, бензините ќе поевтинат за 1,5 денари а дизелот ќе биде поскап за 0,5 денари.
Само од крајот на мај до денеска, за 30 дена,  цената на дизелот се зголеми за дури 23,5 денари по литар што е раст за близу 30%. Цената на бензините скокна за 17 денари или нешто повеќе од 17%.


20.06.2022 - 13:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега