Временска прогноза за Први Мај - По невремето, ќе има ли сонце за неработниот ден?
Овој четврток е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија, што значи дека ќе уживаме во пократка работна недела.
Денот на трудот, 1 Мај во Македонија е прогласен за државен празник, а најважното прашање за сите е дали ќе ни се погоди времето за прошетка.
За четврток се прогнозира сончево време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.
Минимална температура ќе достигне од 3 до 10 Целзиусови степени, додека преку ден температурата ќе достигне и до 28 степени.
28.04.2025 - 08:45
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа