Во „алфа“ пикнал 10 мигранти - тинејџер „падна“ на Богородица

 

19-годишник од беровското село Будинарци е приведен откако со своето „алфа ромео“ се обидел да превезе 10 мигранти.

-Синоќа во 00.50 часот во близина на локален пат Гевгелија - с.Богородица, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица го лишиле од слобода Д.Г.(19) од с.Будинарци, беровско. Претходно, во близина на Граничен премин  Богородица, полициски службеници забележале дека во возилото „алфа ромео“ со кочански регистарски ознаки, кое Д.Г. го управувал, влегуваат повеќе лица мигранти. Д.Г. го запрел возилото и се обидел да побегне, но набргу бил пронајден и лишен од слобода, а при преглед во возилото биле пронајдени 10 лица мигранти, од кои осум од Република Турција и двајца од Ирак. По документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава против Д.Г., а  мигрантите се сместени во прифатно – транзитен центар во Гевгелија, велат од МВР.

 

24.12.2024 - 12:19

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега