Внимавајте: На истокот се вози по влажни коловози
Сообраќајот на патиштата во источниот регион се одвива по влажни коловози.
Техничкиот директор на регионалната подружница на ЈП „Македонија пат“ во Штип, Влатко Цоневски вели дека по првите врнежи од снег во Малешевско-Пијанечкиот регион екипите со механизацијата од вчера се на терен и на патиштата превентивно се посипува песок, со цел да како што вели да нема проблеми при одвивањето на сообраќајот.
Екипите интервенираат и по регионалните и магистрални патишта околу Штип. Прашан дали регионалната подружница на ЈП „Македонија пат“-Штип има доволно механизација, Тоневски со одговор дека имаат доволно.
-Механизација имаме доволно и повеќе од доволно, имаме и нова набавена механизација исто и постара механизација, како и механизација од трети лица. Така со механизација и со абразивни материјали сме обезбедени, вели Цоневски.
Посочи дека екипите на располагање имаат 40 возила, но сега имаат помал број на вработени.
-Имаме природен одлив по основ на пензионирање, некој смртен случај, ни фалат сите профили. Старосната граница ни е висока. Така да се снаоѓаме како знаеме, умееме, што се однесува до вработените, вели Цоневски.
Посочи дека чисти се патиштата и кои водат до граничниот премин Делчево-Станке Лисичков, а во текот на целата вечер се интервенирало и на патот до ски центарот Пониква.
-Така да коловозите се црни, немаме никакви остатоци и проблеми по нив, вели Цоневски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа