Внимавајте, крипто измамници има многу: Може да ве контактираат и преку Фејсбук или Телеграм

 

Универзитетскиот професор Орце Симов во емисијата „Бизнис21“ предупредува дека крипто измамници има многу.

Како што вели, тие може да ве контактираат преку социјалната мрежа Фејсбук, но и преку Телеграм и други мрежи.

„Има групи на Телеграм и доколку некој праша нешто таму, тогаш измамници, кои исто така се членови во тие групи, ќе видат дека одредено лице поставило прашање и тие ќе пристапат кон него“, додава Симов.

Како што вели, најважно е приватниот клуч да не се дава никому – ни на познати ни на непознати лица!

22.01.2025 - 22:32

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега