ВМРО: Зошто Битиќи чувал класифицирани документи дома во сеф?
Филипче е континуитет во начинот на практикување на политиката на Заев, а екс вицепремиерот Фатмир Битиќи олицетворение на таа пракса. Ова го велат ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение за јавноста.
- Дали во СДС е пракса или насока и стил на функционирање изнесувањето на класифицирани документи од институциите и дали подоцна истите тие документи им служат за уцени и злоупотреби? Самиот Фатмир Битиќи, во изјава за медиуми, во врска со грабежот во неговиот дом кажа дека му е одземена папка со класифицирани документи. Битиќи да одговори на јавноста за какви класифицирани документи станува збор, како се нашле во неговиот домашен сеф, поради кои причини ги поседува и за што би му послужиле истите? Дали поседува сертификат, бидејќи класифицирани документи добиени од кој и да е орган не можат да поседуваат лица без безбедносен сертификат. Битиќи да одговори дали станува збор за содржина од највисока државна тајна? Дали евентуалното изнесување на тие информации би ја загрозиле безбедноста на државата и институциите на системот?, прашуваат тие.
Со оглед на тоа дека државните функционери немаат право да ги изнесуваат државните тајни и класифицирани документи од институциите во кои тие се наоѓаат и каде се заштитени, ги повикуваме СДС и Битиќи веднаш да ги известат органите за каков вид на информации станува збор.
- Битиќи не смеел такви документи да поседува во својот домашен сеф. Колку закони прекршил Битиќи? Го повикуваме ЈО да поведе постапка и да го истражи случајот со украдените документи. Одговорност мора да има, додаваат од владејачката партија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа