Застанал со возилото на Табановце - Веднаш му ставиле лисици на рацете

 

Половина час пред полноќ на Граничен премин Табановце, на излез од државата, полициски службеници го лишиле од слобода 29-годишниот Н.К. од Република Грција.

МВР информира дека при гранична контрола и преглед во возилото со германски национални ознаки, кое го управувал грчкиот државјанин, биле пронајдени повеќе разновидни пиротехнички средства. 

Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде биде поднесена соодветна пријава.

 

 

25.04.2025 - 10:25

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега