(ФОТО) Сообраќајка кај Палома Бјанка, од ударот едно од возилата се запалило

 


Попладнево, сообраќајна несреќа ја блокираше крстосницата Палома Бјанка во Скопје.

Во инцидентот учествуваа две патнички возила, при што, според првичните информации, едно од возилата се запалило по ударот.

Засега нема информации за евентуално повредени лица, ниту се познати причините за несреќата.

Полициски екипи се на местото на настанот и вршат увид.

Сообраќајот на оваа крстосница се одвива отежнато.

25.04.2025 - 16:28

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега