Во Шпанија откриени остатоци од брод од 15-ти век
Шпанските археолози, кои работеа на ископувањата на поранешниот рибен пазар во Барселона, открија остатоци од голем средновековен брод.
Бродот потонал таму пред 500 или 600 години, кога тој дел од Барселона сè уште бил под морето.
Голем дел од чамецот, долг 10 метри и широк три метри, со повеќе од 30 закривени дрвени ребра, е откриен на длабочина од пет метри под нивото на морето.
Структурата била поврзана со мешавина од дрвени и железни клинци, а конструкцијата е типична за средновековните чамци кои се наоѓаат на Медитеранот и низ цела Европа од средината на 15 век, пишува Гардијан.
„Мислевме дека некои археолошки остатоци од чамци може да се појават на овој локалитет, кој се наоѓа во близина на пристаништето и кејот од вештачки камен што го штитеше пристаништето, кое беше работна површина во 15-тиот и 16-тиот век. Две години подоцна, имавме среќа да го најдеме чамецот“, рече водечкиот археолог Санти Паласиос.
Потонатиот брод, кој го носи името „Цитадела I“ по блискиот парк, е многу кревок, а археолозите го чуваат во влажна средина и покриен со песок за да спречат распаѓање.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа