Дома си насадил канабис, приведен тинејџер од струмичко

 


Вчера во 01.10 часот во Струмица полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Ф.В.(18) од с. Добрејци, струмичко.

При преглед кај него била пронајдена марихуана, а потоа, врз основа на судска наредба, бил извршен и претрес во неговиот дом, при што во дворното место биле пронајдени 19 стебла канабис.

Лицето е задржано во Полициската станица Струмица, а за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица.

По целосно документирање на случајот, против Ф.В. ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

30.06.2025 - 11:08

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега