ВМРО-ДПМНЕ: Утре блокади во Скопје и протести во 15 градови
ВМРО-ДПМНЕ денеска преку соопштение ги повика граѓаните утре на протести пред Владата и Министерството за надворешни работи како и во други 15 града.
„Продолжуваме заедно со народот во битка за одбрана на честа и достоинството на македоската држава и македонскиот народ.
Нема да дозволиме понижување и распродажба на државните и национални интереси, и токму затоа сите заедно сплотени, во масовен број ќе испратиме порака дека Зоран Заев и СДСМ мора да заминат час побрзо бидејќи на Македонија и донесоа само порази и неуспеси.
ВМРО-ДПМНЕ ги повикува граѓаните утре (02.12.2020) во 15:00 часот да се прикличат на блокадите пред Владата на Република Македонија и Министерството за надворешни работи, а протести ќе се оддржат и во 15 градови ширум државата, со почеток од 18:00 часот.
Време е граѓаните на Куманово, Македонска Каменица, Пробиштип, Делчево, Пехчево, Берово, Виница, Радовиш, Валандово, Дојран, Велес, Кавадарци, Прилеп, Битола и Охрид да се обединат против злото наречено Зоран Заев и СДСМ.
Протест сега, за да не биде предоцна! Оставка на Заев, слобода на народот“, стои во соопштението.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа