Пробале да шверцуваат стока вредна 19 илјади евра од Македонија - ги фатиле на Косово
Косовската царина соопшти дека во текот на минатата ноќ, во два одделни случаи, спречила шверц на стока од Македонија – парфеми и електронски цигари – во вредност од над 19 илјади евра, јави дописникот на МИА од Приштина.
Во првиот случај, според денешното соопштение на царината, запрено е патничко возило со косовски регистерски таблички во кое се пронајдени непријавени пакувања парфеми во вредност од 13,7 илјади евра.
Во врска со вториот случај, во соопштението се посочува дека синоќа во 22:45 часот поради контрола било запрено возило со регистарски ознаки на Република Македонија. Откако возачот изјавил дека нема ништо за пријавување, полициските службеници извршиле втор претрес и откриле 40.000 електронски цигари (200 штеки) во вредност од 4.340 евра, скриени во различни делови од возилото.
– Двете лица го прекршија царинскиот и акцизниот законик на Косово. Предметите се упатени во Секторот за царински прекршоци за понатамошно правно постапување, додека Секторот за истраги работи на дополнителни увиди – се наведува во соопштението.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа