Мицкоски: Во јануари очекувам фирмите да подигаат пари од унгарскиот кредит
Очекувам после празниците банките да пренесуваaт дел од средства кон компаниите, согласно наведениот услов, тоа поединечно да биде до 10 милиони евра, изјави премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање за унгарскиот кредит. Мицкоски присуствуваше на поставување на камен темелник на изградба на трговски центар во Општина Гевгелија.
– Дали ќе се исцрпат средствата – не знам, сакам да има многу бизнис идеи. Владата е тука да ги стави хипотезите на маса. Ние сме тука да бидеме партнер со бизнис-заедницата. Очекувам во јануари да се пренсуваат средствата од кредитот – рече Мицкоски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа