Доаѓа студ и снег - какво време не чека до крајот на ноември
Релативно студен ноември не чека оваа година. Се разбира, студен ако ги гледаме температурите кои што ги имавме до пред неколку дена, бидејќи она што не очекува до крајот на месецот може да се нарече вообичаена температура за овој период од годината.
По значителното заладување вчера во вечерните часови, студениот бран ќе се задржи над земјава уште неколку дена. Како што ќе расте облачноста така ќе растат и утринските температури па уште од утре, наутро ќе имаме нешто над нулата до средина на неделата температурите ќе стигнат и до 4 степени наутро. Сепак, дневните температури ќе останат ниски. Ретко кога ќе имаме над 10 степени во текот на оваа недела. Повеќе дождови се очекуваат од среда а на некои места ќе има и врнежи од снег.
Претпоследната недела од ноември не чека стабилизација на времето и благ раст на температурите. Некаде околу 20 ноември се најавуваат и 15 степени максимална температура. Утрински и натаму ќе се движат меѓу 0 и 5 степени. Врнежи се очекуваат кон крајот на неделата.
Последните 7 дена од ноември ќе донесат нешто пониски температури, Веќе редовно утринските ќе одат во минус а дневните ретко ќе надминуваат 5 степени.
Во последната недела се очекуваат и услови за нешто пообилни врнежи од снег и во котлините.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа