Филипче: Допрва почнува борбата со оваа власт

 

Првата фаза на процесот на консолидација полека завршува и СДСМ се екипира на сите нивоа“ – рече претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче на регионалната средба во Струга со општинските организации од тој регион.

Тој истакна дека при избор на раководствата се консултирани огромен број на членови со цел да се изберат вистинските луѓе кои имаат поддршка внатре, но и надвор од партијата.

 „Енергијата се враќа, позитивна е атмосферата во општинските организации и тоа е добро. Но, допрва започнува битката со оваа власт која за само пет месеци целосно разочара. Очекувам од сите максимална посветеност и многу работа за да ја вратиме довербата кај граѓаните. Силно верувам дека со искрен пристап, нови модерни социјалдемократски политики и многу приземност можеме да ја вратиме поддршката“ – им порача Филипче на сопартијците.

СДСМ на 24 ноември треба да одржи Конгрес на кој партијата треба да избере ново раководство. Конгресот доаѓа по неуспехот ова лето партијата да одржи отчетен Конгрес. Планот на Филипче е да воведе кадровски освежувања и да направи одредени измени во партискиот статут.

11.11.2024 - 21:51

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега