ВМРО-ДПМНЕ: Скопје страда заради бизнис интересите на Арсовска, Ковачевски и Зечевиќ

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека Скопје страда заради бизнис интересите на Арсовска, Ковачевски и Зечевиќ, сите се ставени во погон за штитење на провизиите од Турците.

„Арсовска сакаше да влијае во тек на постапка за избор на изведувач и инсистирала на смена на Комисијата, што е спротивно на праксата на ЕИБ. Златко Перински не дозволи незаконие во постапката за прочистителна станица и затоа и засмета на Арсовска и СДС кои здружно се борат во обидот за криминал. За сите нереализирани барања и неостварени ветувања за кои зборуваат од СДС, ги повикуваме дезертерот Ковачевски и калфата на дезертерот Ковачевски, Миле Зечевиќ да ги постават како прашање на една од тајните средби со Арсовска“, велат од партијата.

Од партијата соопштија дека поради нереализирањето на проектите и личните интереси денес Арсовска не е поддржана од ВМРО-ДПМНЕ.

„СДС троши десетици илјади евра на билборди, спотови и флаери да ја оправда Арсовска. Ако беа проблем членовите на Комисијата за пречистителна станица дезертерот Ковачевски и Арсовска да кажат зошто сега не ги разреши. Или пак новиот директор ќе ја спроведе насоката на СДС - овскиот турски фаворит за пречистителна станица. Дезертерската коалиција Ковачевски, Арсовска функционира беспрекорно само кога бизнисите се на сцена“, сметаат во ВМРО-ДПМНЕ.

27.09.2022 - 14:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега