ВМРО-ДПМНЕ: СДС контра САД, менува ли СДС курс по паметот на Левица
Советниците и сивите еминенции на СДС контра САД, менува ли СДС курс по паметот на Левица?; прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Вчера Сашо Ордановски, еден од главните советници на СДС и нивна сива еминенција со навреди го нападна претседателот Трамп, кого го нарече лажго и необразован.
Сашо Ордановски сивата еминенција во СДС го нарече потпретседателот на САД Џеј Ди Венс неонацист.
Дали СДС менува курс во политиката и тргна против нашиот стратешки партнер, САД?
Филипче да каже дали тргна по паметот на Левица и сега даде насока на своите советници да ги напаѓаат САД.
Свесен ли е Венко Филипче која штета ја прави за државата?
Очајот на СДС нема крај“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа