Несреќен случај во касарната во Ѓорче Петров: Полицаец си пукал во рака
Вчера во 13.48 часот во СВР Скопје било пријавено дека по завршување на боево гаѓање на стрелиште во касарна Ѓорче Петров, полициски службеник случајно испукал еден куршум од службениот пиштол и се повредил на раката.
Тој бил пренесен во Градската општа болница „8 Септември“ за укажување помош.
За настанот бил известен јавен обвинител и се работи на негово расчистување.
21.02.2025 - 15:59
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа