Шолц го поддржа Зеленски: Украина мора да има место на преговарачката маса
Украина мора да биде на масата на сите идни мировни преговори, нагласи германскиот канцелар Олаф Шолц кој попладнево телефонски разговарал со украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Тој повторил дека Киев мора да биде вклучен во сите преговори за неговата иднина.
Според официјален Берлин, двајцата лидери се согласиле дека Украина мора да има место на масата во мировните преговори и дека европските безбедносни прашања мора да се разговараат заедно со Европејците.
- Двајцата се согласија дека е неопходна тесна соработка меѓу Украина и нејзините блиски партнери, се вели во соопштението.
Американскиот претседател Доналд Трамп претходно во интервју за радио Фокс изјави дека Зеленски не е доволно важен за да биде на состаноците, мислејќи на потенцијалниот мировен договор во Украина за кој, наводно, разговараат САД и Русија, но без присуство на Украина.
- Мислам дека Зеленски не е доволно важен за да биде на состаноците, рече Трамп во интервјуто.
Тој призна дека Русија ја нападна Украина, но сугерираше дека поранешниот американски претседател Џозеф Бајден и Зеленски ја делат вината за неуспехот на разговорите со Москва.
- Со години го гледам како преговара без адут. Тој нема адути и ми се смачи од тоа. Затоа, мислам дека не е важно да биде на состаноците, да бидам искрен со вас. Тој го отежнува постигнувањето договор, рече Трамп.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа