Советник на Трамп: Зеленски ќе го потпише договорот за минерали
Советникот за национална безбедност на Трамп зборуваше на Конференцијата за конзервативно политичко дејствување.
Мајк Волц, член на американскиот тим што ги започна преговорите со Москва во вторникот, рече дека очекува украинскиот претседател Володимир Зеленски да го потпише договорот според кој Соединетите Држави ќе добијат дел од богатството од рудните ресурси на Украина.
„Видете, ова е важна црта – претседателот Зеленски ќе го потпише овој договор. И ќе го видите тоа за многу кратко време, а тоа е добро за Украина. Што може да имате подобро за Украина од економско партнерство со САД“, праша Волц.
Шефот на кабинетот на украинскиот претседател, Андриј Јермак претходно денеска изјави дека разговарал со Волц и дека разговарале за „хармонизирање на позициите“. Јермак тврди дека Волц „ја истакнал важноста од одржување на билатералната соработка и високо ниво на односи меѓу Украина и САД“.
Трамп сака да добие пристап до украинските минерали како форма на репарација за милијардите долари што САД ги потроши за поддршка на Киев.
US National Security Adviser Mike Waltz says President Zelenskyy "will sign" the minerals deal. https://t.co/PAiZ4D1jU3
Sky 501 and YouTube pic.twitter.com/QVv0W1gTER
— Sky News (@SkyNews) February 21, 2025
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа