ВМРО-ДПМНЕ: Филипче е виновен за хаосот во здравството
Филипче е виновен за хаосот во здравството и неспособноста да се справи со пандемијата, граѓаните ги остави на цедило и за тоа треба да му е срам и да поднесе одговорност. Со 4.100 починати во државата, два пати повеќе отколку што велеше Венко Филипче дека ќе се заразат умреле. И тој се уште не чувствува вина на одговорност дека треба да си даде оставка. До каде може да иде себичноста на овој министер од владата на Заев, велат од ВМРО-ДПМНЕ во реакција на интервјуто на министерот за Канал 5.
-Сите пациенти од 1-ви јануари до сега одат на негова совест затоа што тој не набави вакцини кога цел свет набавуваше. Да имаше вакцини, голем број од граѓаните ќе беа спасени. Но, и покрај тоа Филипче не осеќа дека треба да поднесе одговорност. Во сред пандемија немаше Инвермектин и Клексан. И повторно некој друг е виновен но, не министерот за здравство Венко Филипче. Жена умре во болница во Штип затоа што немаше кој да и даде кислород. Ситуацијата станува катастрофална и безизлена и очајна. Пациентка умрира затоа што во болница нема кој да и даде кислород, луѓе примаат инфузии во дворовите од болниците, а живи лежат до мртви и примаат терапија. На целиот овој калабалак, негрижа и хаос Филипче нема срам нема грижа на совест, и си продолжува по свое си дава изјави во кои вели дека се е под контрола, стои во партискатареакција и се додава:
„Овчарот не доби помош, пет саати лекар го носеше по планините, наместо да се пушти хелихоптер. И за смртта на овчарот Божиновски виновни се службеници во институциите, а забеганите од умот Филипче и Заев кои летаат со хеликоптери за да се забавуваат, бегаат од одговорноста. Филипче е виновен за хаосот во здравството. Неспособноста да се справи со пандемијата и треба да му е срам за сето тоа што им го направи на граѓаните на Република Македонија и да поднесе одговорност за сите неуспеси што ги имаше ресорот здравство додека тој го раководеше“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа