ВМРО-ДПМНЕ бара оставка од Адеми

Пратеничката од ВМРО-ПДМНЕ, Дафина Стојановска побара оставка од претседателот на собраниската Комисија за европски прашања, Арбр Адеми.

-Арбер Адеми под итно според мене денеска треба да си поднесе оставка. Тој ништо добро не прави за пратеничката група на ДУИ, а е координатор, изјави Стојаноска во гостувањето на „Утрински брифинг“.

Во однос на францускиот предлог, Стојаноска вели дека опозицијата не е вклучена во надворешните прашања, прашувајќи кој е Димитар Ковачевски и Бујар Османи да преговараат во име на граѓаните, кога пред една година во Собранието донеле Резолуција во македонското собрание со консензус каде што јасни ги исцртале македонските црвени линии.

-Ќе измине една година откако Резолуцијата ја усвоивме со консензус, и зошто после тоа преговараат. Зошто да преговараме? Дали бугарскиот парламент после нивната декларација се повлече од нивната црвена линија. Или ние ќе кажеме не овој предлог не во ваква форма. Но, дајте ни да го видиме и тој предлог. Кој е Ковачевски и Османи тие да преговараат во наше име, праша Стојаноска.

 

28.06.2022 - 11:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега