Владата ќе го прифати секој договор помеѓу синдикатите и работодавачите

 

Денес претседателот на Владата, Христијан Мицкоски заедно со министерот за економија и труд, заменик-министерот за економија и труд, државниот секретар во Министерството за финансии и советникот во Кабинетот на претседателот на Владата одржа средба со претставници на синдикатите. Се разговараше за минималната плата, колективниот договор и репрезентативноста на синдикатите.

Ставот на Владата во врска со зголемувањето на минималната плата е јасен и поврзан со закон. Имено, согласно закон Владата е обврзана да го определи нивото на минималната плата најдоцна до 31 март. Владата ќе го прифати секој договор помеѓу синдикатите и работодавачите, во моментот кога тој ќе биде постигнат во рамките на економско социјалниот дијалог.

Владата останува партнер на работниците и работодавачите и подготвена е на дијалог во секој момент кога тоа ќе биде побарано од страна на страните во процесот.

09.04.2025 - 19:01

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега