Влада: Последните 6 месеци растат платите во здравството, образованието и безбедноста

 

Во последните шест месеци Владата ги зголеми платите на вработените во здравството, образованието и безбедноста. Ова денеска го велат од Владата.

- Просветните работници и сите вработени во образованието добија покачување од 12 проценти. Првото покачување од 5 проценти го добија со септемвриската плата исплатена во октомври минатата година. А второто покачување од 7 проценти го добија со мартовската плата, исплатена во април. Со ова го враќаме изгубеното достоинство на просветните работници кои ги создаваат идните генерации во државата, велат од Влада.

Додаваат дека здравствените работници, медицинските сестри, техничари и административен персонал за шест месеци добија покачување на платите од 15 проценти. Додека пак, матичните лекари и гинеколози добија покачување на капитациониот бод од 33 проценти, а стоматолозите на 22 проценти.

Велат, службените лица во МВР кои се грижат за безбедноста и сигурноста на граѓаните и државата добија покачување на платите од 10 проценти. За ова зголемување на платите на 12.000 полицајци од буџетот се обезбедени 800 милиони денари.

- Владата се грижи за сите граѓани. Зголемувањето на платите продолжува, до крајот на мандатот во здравството и образованието предвидено е да се зголемат за 46, односно 50 проценти. Ова е резултат на домаќински структуриран и осмислен буџет и на доброто работење на Владата. Продолжуваме да работиме во интерес на сите граѓани, стои во соопштението.

10.04.2025 - 09:34

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега