Куновска: Ни Филипче ниту некој друг ги исполнува условите да бидат раководство на СДСМ

 

Софија Куновска во своето гостување во емисијата Само вистина на Канал 5 телевизија зборуваше за причините поради кои што ја напуштила политичката партија СДСМ. Според неа, сите актуелни потпретседатели на СДСМ, па дури и претседателот, Венко Филипче, не исполнуваат услови да бидат дел од највисокото раководство на СДСМ.

- „СДСМ не го почитува сопствениот статут. Како од политичка партија која што не го почитува сопствениот статут да очекувате дека ќе почитува било што друго? Многу убаво е пропишано кој може да биде потпретседател, колку стаж треба да има колку пати треба да биде избиран на централен, вели таа.

Се осврна и на Венко Филипче, при гостувањето во Канал 5.

- Јас ви тврдам дека Венко Филипче никогаш не потпишал пристапница во СДСМ. Венко Филипче беше потписник на контра пленумот, за време на шарената револуција, Венко Филипче беше советник на Нино Тодоров, немојте да ме убедувате дека Нино Тодоров викаше социјалдемократи да му бидат советници“, рече таа.

Додава: Едноставно е. Да не ги набројувам другите. Ана Чупеска, Фани Каранфилова, Каја Шукова, не исполнуваат услови да бидат потпретседатели или заменик претседател на СДСМ. Статутот дури и не можете да го најдете на страницата на СДСМ веќе“, децидна е Куновска.

29.05.2025 - 08:34

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега