Јанчев: Со благодарност и чувство на одговорност ја прифаќам кандидатурата за трет мандат

 

Со голема благодарност и чувство на одговорност ја прифаќам кандидатурата за трет мандат како градоначалник на Кавадарци, од мојата матична партија ВМРО-ДПМНЕ, објави синоќа на неговата официјална Фејсбук - страница кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев. 

- Искрена благодарност до претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер на Република Македонија, Христијан Мицкоски за довербата и поддршката. Оваа кандидатура е обврска, но и чест - затоа што заедно со вас веќе осум години испишуваме страници полни со дела. Од модернизација на инфраструктурата, преку поддршка за образованието, до создавање услови за подобар живот - застанувам зад сето она што сме го реализирале како тим, како заедница, се вели во обраќањето до кавадарчани. 

Притоа се додава дека патот на промените продолжува. 

- За заедничка иднина. За Кавадарци што чекори напред со сигурен и цврст чекор. Нема запирање! Одиме заедно - за Кавадарци!, пишува Јанчев во пораката до сограѓаните.

29.05.2025 - 08:44

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега