Вкупно осуммина осомничени за нападот во М-НАВ

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против осумте лица кои упаднаа во просториите на М-НАВ и ги нападнаа вработените лица.

Осомничените сториле кривично дело со кое ја загрозиле безбедноста на Меѓународниот аеродром Скопје, незаконски и со намера да извршат дело на насилство против лице ги попречиле услугите на аеродромот.

Во моментот кога се случил нападот, во воздушниот простор над државава се одвивале 28 летови под контрола на М-НАВ. Лицата се осомничени дека извршиле кривично дело за кое е предвидена казна затвор од најмалку пет години.

До судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје доставен е предлог од страна на Јавниот обвинител за за определување мерка притвор за четворицата осомничени кои се лишени од слобода, додека по останатите четворица се трага.

 

05.01.2024 - 21:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега