(Видео) Сузбиенa организирана криминална група инволвирана во недозволена трговија со дрога и оружје

 

Денеска Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во координација со Одделот за криминалистичка полиција, Одделот за специјални полициски операции и ОВР Струга, под раководство на надлежен Јавен обвинител од Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, по повеќемесечно криминалистичко истражување, спроведе координирана полициска акција, во којa беше сузбиена повеќечлена организирана криминална група составена од лица од Струга, едно лице од Охрид и еден албански државјанин (кој престојува во Струга), кои подолг временски период биле инволвирани во вршење на кривични дела од областа на недозволена трговија со дрога и оружје, извести портпаролот на МВР, Гоце Андреевски.

„Постапувајќи по Наредби за претреси во дом и други простории издадени од Судија на претходна постапка, извршени се претреси на вкупно 36 локации во Струга, Охрид и во Затвор Скопје, при што од слобода се лишени 19 лица, додека по три лица се трага, а едно лице од претходно е во затвор. Кривично пријавени се вкупно 23 лица за кривични дела од областа на недозволена трговија со дрога и оружје. При лишувањето од слобода и при извршените претреси, на повеќе локации се пронајдени и одземени оружје, муниција од различен калибар, кокаин, марихуана, пари, патнички моторни возила, мобилни телефони и други предмети. Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ќе поднесе кривична пријава против 23 лица и тоа, против В.Е. (32), Д.Е. (30), Љ.Ц. (37), Е.П. (38), Б.Х. (27), Е.Р. (20), К.Л. (52), Х.К. (43), И.Б. (35), А. Ж. (27), Е.Б. (25), Б.Ѓ. (27), Д.С. (35), С.Д. (29), М.Т. (38), Е.О. (21), К.З. (21), Ф.Џ. (26), Д.У. (76), Г.Т. (43), А.Ж. (46), С.Т. (37) и С.Н. (44) за кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги и психотропни супстанции“ од чл.215 и „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“ по чл.396 од Кривичен законик“, вели портпаролот на МВР.

24.11.2023 - 15:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега