(Видео) Скопје1: Таткото на Вања го открил случајот, а не полицијата, докажуваат снимки

 

Контроверзниот политичар Срѓан Ного објави кратко видео од автомобилот со кој е киднапирана Вања Ѓорчевска. Иако првично требаше да достави нов видео материјал, сепак тоа го најави за утре во 12 часот каде ќе објави снимки од убиениот Панче Жежовски и снимки од разговорите помеѓу Александар Ѓорчевски, татко на Вања и инспекторите на МВР, објави Скопје1.

„Снимките докажуваат дека тој лично, а не полицијата, го открил, поврзал и разрешил случајот со исчезнувањето на Панче Жежовски и неговата ќерка, па ги предал доказите за што е неправедно осомничен, уапсен, и медиумски сатанзиран. Ќе објавиме и многу други информации скриени од јавноста“, вели Ного во објавената снимка.

Има и тонско парче во кое се слуша објаснување во кое се зборува за некакви коли кои застануваат на бензиска пумпа, па се враќаат наназад..

„Се престројува зад ова ‘берлинго’. Ова е зад ‘Папилон’, карши Буњаковец“, кажува гласот во видеото.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Скопје1 / Skopje1 (@skopje1mk)

05.01.2024 - 16:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега