ВИДЕО: Руски сериски убиец кој убил 83 жени, сака да оди на фронт

Рускиот сериски убиец кој отслужува две доживотни затворски казни за брутални злосторства изјави дека сака да биде ослободен од затвор за да им се придружи на силите на Владимир Путин кои се борат во Украина.

Михаил Попков (58) е поранешен полицаец кој во 2015 година е осуден за силување и убиство на десетици жени меѓу 1992 и 2010 година во Ангарск и Иркутск во Сибир и Владивосток. Во 2018 година, тој признал дополнителни убиства, со што бројот на неговите жртви достигнал 83, пишува Newsweek.

И покрај казната, руските власти дозволија државната телевизија да го интервјуира Попков, кој ги носи прекарите „Врколак“ и „Манијак од Ангарск“. Попков бил прашан од каналот Вести „кој е твојот сон? одговорил - „да се придружам на војската“. Тој рече дека признава дека борбите во Украина „не се компјутерска игра“ и дека „ова не е фикција за суперхерои“.

„Со оглед на мојата воена специјализација, мислам дека сега е многу барана“, рече тој. „Иако 10 години сум во затвор, мислам дека не би било толку тешко да научам нови вештини“, додаде Попков. Тој не прецизирал какво е неговото воено искуство. Од затворот не ги коментирале изјавите на Попков.

20.01.2023 - 23:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега