(ВИДЕО) Првиот армиски тим на терен во Каранманмараш: Извлекуваме само мртви тела
Првиот армиски тим е трет ден ангажиран во Каранманмараш. На видето кое што го снимија, информираат дека за жал, извлекувале само мртви тела. Но, вчерашното извлегување на малиот Сулејман, како што велат им дал голема надеж за да продолжат. Дополнуваат дека ќе бараат се додека можат.
Инаку и вториот армиски тим денеска се вклучи во хуманитарната операција во Каранманмараш.
Дополнителниот армиски состав од 36 припадници, денеска во претпладневните часови пристигна во градот Кахраманмараш, каде се приклучува во активностите за пребарување на теренот, пронаоѓање и извлекување на евентуално преживеаните.
Во меѓувреме првиот армиски тим, кој веќе три дена се наоѓа исто така во градот Кахраманмараш, непрекинато ги извршува задачите заедно со останатите спасувачи со цел спасување на човечки животи.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа